По двојното убиство, Вевчанци во шок
Жителите на Вевчани не паметат вакво нешто и со солзи во очите раскажуваат за оваа трагедија...

Вевчани во шок. Две лица го загубија животот а две се ранети во немилиот настан кој синоќа ги вознемири вевчанци. Без никаква претходна расправија, 56 годишниот Здравко Србакоски, поранешен поштар кој веќе 20 години живеел надвор од нашата држава, пред неколку недели како што кажуваат Вевчанци, тој имал расправија со сопственикот на кафеаната во која се случило убиството. Синоќа ги убил 43 годинишниот Владо Попески, сопственик на кафулето Пјаца и 23 годишниот Мате Ѓурчески. Жителите на Вевчани не паметат вакво нешто и со солзи во очите раскажуваат за оваа трагедија.
„Овој ми е внук од прв брачед од Пјацава кај што работи, другото ми е исто така наше селанче од Вевчани. И третото и четвртото, сите сме од Вевчани, сите си живееме сложно“, во солзи ни раскажа баба Љубица.
„Тој беше бараба, тој на коцка си ја изгуби и куќата и се, отиде кој знае каде онаму, не добар човек тој, им го зеде животот на невини луѓе“, велат Вевчанци.
На лице место извршен е криминалистичко-технички увид во присуство на Јавен обвинител од Струга како и полициски екипи.
„Синоќа веднаш по настанот случен во летната бавча во кафичот Пјаца во Вевчани, во својот дом приведено е ова лице за кое што постојат основи на сомнение дека го има сторено кривичното дело убиство, и има испукано најмалку 7 куршуми во летната бавча“, рече Стефан Димоски, портпарол во СВР Охрид.
Синоќа во струшката болница беа хоапитализирани двајцата повредени кои се надвор од животна опасност, за жал за Владо и Мате немаше спас.
„Третиот е во добра состојба, во стабилна состојба, има прострелна рана во абдомен, меѓутоа не е пенетрантна а четвртиот пациент е пренесен во костозглобна со фрактура над левата надлактица исто со масивно крварење и како што слушнавме и тој е во добра состојба“, рече специјалистот хирург од струшката болница Речи Илми.
Оваа трагедија ја потресе македонската јавност, а посебно Вевчанци. Многу болка и солзи во нивните очи кои никогаш повеќе нема да го видат Мате и Владо, соселаните со кои го пиеја првото утринско кафе секој ден.
Јованчо Наумовски
