Фестивал

„Студентско лето 2025“ – отворени пријавите за најстариот фестивал за млади пејачи во БиХ и регионот

28.05.2025 13:14

Фестивалот „Студентско лето“, кој оваа година се одржува по 53-ти пат, е најстариот фестивал на млади пејачи во Босна и Херцеговина и поширокиот регион. Тој се одржува во Маглај, а неговите почетоци датираат уште во 1960-тите години...

Маглај повторно во знакот на музиката, талентот и традицијата долга преку половина век.

Македонските изведувачи – срцето на фестивалот: Верица Ристевска и наследството што трае

Македонија веќе со децении игра важна улога во Фестивалот „Студентско лето“, а нашите претставници редовно ги освојуваат симпатиите на публиката заедно со признанијата на стручното жири. Јавноста во Македонија внимателно го следи секој настап на своите млади таленти во Маглај испраќајќи ги на сцени најдобрите и најперспективни изведувачи. Меѓу ѕвездите кои ја започнале својата кариера токму на „Студентското лето“ е и Верица Ристовска, име кое денес има посебно место во музичката историја на фестивалот со тоа што се помни нејзината победа на изданието на „Студентско лето“ во далечната 1974 година.

Традиција долга повеќе од половина век

Фестивалот „Студентско лето“, кој оваа година се одржува по 53 пат, е најстариот фестивал на млади пејачи во Босна и Херцеговина и поширокиот регион. Тој се одржува во Маглај, а неговите почетоци датираат уште во 1960-тите години, кога Роднокрајниот клуб на студенти ги организираше првите средби на млади пејачи кои дојдоа соседните градови.

Веќе 1970 година, Фестивалот прерасна во национално случување – „фестивал на победниците“ на регионалните натпреварувања на млади пејачи од целата поранешна Југославија. Од тогаш па до денес, преку Маглај поминаа бројни музички имиња кои подоцна остварија запазени кариери меѓу кои се Слаѓана Милошевиќ, Жељко Самарџиќ, Лепа Брена, Даниел Поповиќ, Марија Михајловиќ, Верица Ристевска, Северина и многу други.

Фестивал во живо – без матрица, без компромис

„Студентското лето“ е посебно по својата посветеност на квалитетот и автентичноста – сите изведби одат во живо, без матрици или плејбек. Учесниците се придружувани од голем фестивалски оркестар под диригентската палка на проф. Амир Мухаремовиќ со што продолжува традицијата на легендарните ревијални оркестри на радиотелевизиите Белград, Нови Сад, Загреб, Љубљана, Скопје и Сараево.

Две фестивалски вечери – народна и забавна музика

53-то издание на Фестивалот ќе се одржи на 22 август 2025 (вечер на народна музика) и на 23 август 2025 (вечер на забавна музика). Натпреварувачите ќе имаат можност да се борат за наградите на стручното жири, на жирито на новинари кои доаѓаат од целиот регион и на публиката, со што овој фестивал добива дополнителна вредност и престиж.

Пријавите отворени до 6 јуни 2025

Организацискиот одбор на Фестивалот ги повикува сите млади и талентирани пејачи да се пријават за учество. Стручната комисија ќе ги одбере кандидатите кои ќе настапат на фестивалот, а за нив ќе бидат изработени нови аранжмани кои ќе ги изведува фестивалскиот оркестар. Организаторот ги снесува трошоците за сместување на сите учесници, додека на кандидатите вон БиХ им се покриваат и трошоците за превоз, во склад со правилникот на Фестивалот. Фестивалот го задржува правото за снимање и репродуцирање на сите изведени песни, како и за јавно емитување на содржината.

Повеќе информации и пријавување

Сите заинтересирани можат да ги пронајдат деталите на јавниот повик како и образецот за пријава на службените друштвени мрежи на Фестивалот:@studentskoljeto

Пријавите се отворени до 6 јуни 2025 година – не пропуштајте ја можноста да станете дел од оваа извонредна музичка традиција!