Децентрализација на социјалните и здравствените услуги
Македонија ги прави првите чекори во унапредувањето на социјални и здравствени услуги во локалната заедница. Институциите мора да ја зголемат соработката, да се користи искуството и да се соработува со другите земји.

На почеток сме, но имаме успешни чекори во давањето социјални и здравствени услуги на загрозените семејства и поединци во заедницата. Законски услугите треба да се достапни до населението и да се забрза децентрализацијата.
Во прилепскиот регион на дело се спроведува првото спојување на социјалните и здравствените услуги.
Институциите уверуваат дека се подготвени за соработка.
Македонија ги користи австриските искуства, а според земјите од регионот, соработката е неопходна.
Министерството за социјална политика соработува со општините за унапредувањето на услугите на локално ниво.
Елизабета Митреска
