Економија

Продуктивноста кај нас на многу ниско ниво, алармираат работодавачите

28.05.2025 15:36

„Продуктивноста и нејзините главни двигатели за економски раст и конкурентност“ тема на конференцијата по повод 20-годишнината на Организацијата на работодавачи на Македонија.

Двајца македонски работници работат како еден европски, продуктивност кај нас на многу ниско ниво, алармираат работодавачите. Најновото истражување покажува загрижувачки тренд на намалување на севкупната продуктивност на македонските компании, што значи дека стануваат се помалку ефикасни во користењето на трудот и капиталот.

Од Владата велат дека прават се за раст на платите, што се главен услов за задржување на добрите работници.

И додека се прави се за задржување на работниците дома, државата останува меѓу земјите во регионот со најниски примања, вклучувајќи ја и просечната и минималната плата, велат од Сојузот на синдикатите.

Организацијата на работодавачи презентираше сет препораки за раст на продуктивноста и но и деловната ефикасност.

 

Борис Грујоски