Волмарт

Тинејџер живеел четири дена во супермаркет

14.08.2014 16:48

14-годишен тинејџер живеел во супермаркет на компанијата „Волмарт“ во Корсикана, Тексас. Иако овој објект е отворен 24 часа, сепак момчето не било откриено цели 4 дена. Спиел во импровизирано засолниште во центарот на „Волмарт“ направено меѓу кутии со бебешки колички. Се хранел со производи од рафтовите на продавницата. За да не биде забележан, на неколку часа се пресоблекувал со облека што ја земал од полиците, го напуштал засолништето и се шетал во супермаркетот. Дури користел и пелени за да не го користи тоалетот.

„Чудно е што родителите не се загрижиле“.

„Лудо, 4 дена бил таму“, велат купувачите.

Вработените и купувачите не го забележале живеалиштето на тинејџерот се додека не било откриено ѓубрето што го оставал. Истрагата покажала дека момчето живеело со роднини кои заминале на гости кај други роднини. Компанијата „Волмарт“ реши да не бара отштета од овој несекојдневен муштерија.