Ваљбона Адили Емини од „Вреди“ нова пратеничка во Собранието по оставката на Салим Сулејмани
ДИК ќе го извести Собранието да го верификува мандатот на пратеничката Ваљбона Адили Емини, на местото на пратеникот Салим Сулејмани од коалицијата „Вреди“...

На денешната седница Државната изборна комисија констатираше дека Адили Емини го прифаќа мандатот за што и се издава писмено уверение, а по оставката на Сулејмани.
ДИК ќе го извести Собранието да го верификува мандатот на пратеничката Ваљбона Адили Емини, на местото на пратеникот Салим Сулејмани од коалицијата „Вреди“.
Претходно денеска Собранието пред почетокот на 52. седница констатираше дека престанува пратеничкиот мандат на Салим Сулејмани, кој на 18-ти месецов поднесе оставка од сите функции во Алијанса за Албанците, како и од функцијата пратеник во Собранието, повикувајќи се на морална, професионална и политичка одговорност, а со неговата оставката „Вреди“ добива нов пратеник.
