Безбедноста и реформите приоритет на ЕУ агендата
На Македонија и e потребна стабилна поддршка од меѓународните партнери, патот на земјава кон ЕУ постојано има препреки и предизвици, вели собранискиот спикер Гаши. Безбедноста и реформите приоритет на ЕУ агендата. Во Скопје панел-дискусија.

На Македонија и e потребна искрена и стабилна поддршка од меѓународните партнери, бидејќи патот на земјата кон ЕУ постојано има препреки и предизвици, истакна претседателот на Собранието.
Европа мора да се грижи за своите сопствени работи, прашањето веќе не дали, туку како ќе го направиме тоа, како да се забрзаат работите во Советот на Европа.
Евроамбасадорот Рокас истакна дека Ковид-пандемијата, нападот на Украина од Русија високо на агендата го ставија прашањето за проширување на Европската унија. Претставниците кои неодамна беа во земјата недвосмилено и дале поддршка на земјава.
Наташа Јанчиќ Менковски
