Во Собранието комбинаторики кој преминува во власта, кој во опозиција
Премиерот го добил предлогот на „Вреди“ Азир Алиу да менаџира од министерската фотелја во Здравство. Вели го познавам, добро ќе соработуваме. Предлогот наскоро ќе се најде пред народните избраници. Продолжуваат комбинаториките за трансфер на пратеници. Од Европскиот фронт ги негираат, поранешниот министер за здравство Таравари пак, новото крило на Алијанса на вицепремиерот Фетаи го оцени како владино орудие против Албанците …

Зијадин Села ќе го чека потегот на некогашниот сопартиец Таравари дали ќе се приклучи на Европскиот фронт па дури потоа ќе ги коментира постапките. Само неколкумина пратеници на Таравари преминаа во „Вреди“, сè друго е лага и работа на службите кој сакаат да внесат раздор во одредена група, вели Села.
Таравари пак, преку соопштение вели дека Азир Алиу за министер за здравство одамна се договарал, а Алиу функцијата ја купил со молк и предавство на албанските граѓани. Таравари го нападна и вицепремиерот Фетаи кој му го сврте грбот.
Владата сè уште не го испратила предлогот до собранието Азир Алиу да биде изгласан за нов министер за здравство.
Миле А. Ристески
