Собрание

Пратениците го изгласаа стратешкиот договор со Обединетото Кралство

28.05.2025 18:55

И покрај жестоките обвинувања и тешки зборови, Собранието со убедливо мнозинство го одобри договорот со Велика Британија. Власта тврди оти може да ја промени инфраструктурната карта на државата. Опозицијата упати бројни сомнежи …

Само шестмина „против“ наспроти 74 „за“. Пратениците го изгласаа стратешкиот договор со Обединетото Кралство. Сепак, на гласањето му претходеше жестока дебата. Од СДСМ велат дека од политички аспект развивањето на партнерството го поддржуваат заемот, но се сомневаат во договорот тежок 6 милијарди евра. И деталите во англиската верзија се проблематични, вели Спасовски на што возврати заменикот министер за надворешни Димитровски.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценија-со овој договор ќе се остварат голем број капитални инфраструктурни проекти, важни за државата. И средствата ќе се враќаат кога секој проект поединечно ќе почне да функционира.

Ниту Европскиот фронт не е против задолжувањето, но, велат условите под кои е потпишан договорот треба да бидат објавени во јавноста.

На 22-ри мај во Лондон, во име на македонската влада, договорот го потпиша вицепремиерот Александар Николоски.

 

Зоран Богатинов