Временска прогноза
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
29.05.2025 08:17
Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец...

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (10 до 15 l/m2). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Во Скопје, променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
