кабинет

Сиљановска-Давкова ја продолжува работната посета на Казахстан

29.05.2025 08:22

Денеска таа ќе се обрати на пленарната сесија на форумот – „Поврзување на умовите, обликување на иднината“, што се позиционира како значајна иницијатива за унапредување на мултилатерализмот и заедничкото дејствување во решавањето на глобалните прашања...

Претседателката Сиљановска-Давкова ја продолжува работната посета на Казахстан каде што учествува на Меѓународниот форум Астана 2025. Денеска таа ќе се обрати на пленарната сесија на форумот – „Поврзување на умовите, обликување на иднината“, што се позиционира како значајна иницијатива за унапредување на мултилатерализмот и заедничкото дејствување во решавањето на глобалните прашања. На форумот меѓу клучните теми се геополитичките предизвици, климатските и економските промени на глобално ниво.

Претходно, претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со нејзиниот домаќин, претседателот Касим-Жомарт Токајев.