Собрание

Седници на комисии денеска во Собранието

29.05.2025 08:25

Во Парламентот денес ќе се одржат состаноци на комисиите за култура и туризам, за социјална политика, демографија и млади, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Законодавно-правната комисија и Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство...

Во Парламентот на Република Северна Македонија денес ќе се одржат состаноци на комисиите за култура и туризам, за социјална политика, демографија и млади, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Законодавно-правната комисија и Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Предлог-законот за измена на Законот за културата, по скратена постапка, е единствената точка на дневен ред за која ќе се разговара на седницата на Комисијата за култура и туризам.

Членовите на Комисијата за социјална политика, демографија и млади на денешната седница ќе дебатираат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, по скратена постапка.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина, во второ читање, е на агендата на седницата на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање.

Законодавно-правната комисија денеска ќе одржи две седници, на кои парламентарците ќе разговараат за предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за основното образование, Законот за средното образование и Законот за високото образование, сите во второ читање, како и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, во прво читање. На дневниот ред се и „Предлог на закон за изменување на Законот за културата“ и „Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, по скратена постапка.“

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на дневен ред го има Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за дивечот и ловството, во второ читање, со доставени амандмани по кои треба да се дискутира, како и Предлог-законот за изменување на Законот за фитофармација.