Русија предложи нови директни преговори со Украина во Истанбул на 2-ри јуни
Трамп и натаму несигурен во намерите на Путин, доколку открие несериозност, ќе го промени курсот...

Русија предложи нови директни преговори со Украина во Истанбул на 2 јуни. Шефот на украинската дипломатија Умеров, потврди дека се подготвени за дијалог, тврди дека го предале меморандумот на Москва, но сè уште го чекаат рускиот документ. Трамп и натаму несигурен во намерите на Путин, доколку открие несериозност, ќе го промени курсот.
„Ќе дознаеме многу наскоро. Ќе откриеме дали тој нè завлекува или не. И ако е така, ќе одговориме малку поинаку“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Ситуацијата на фронтот непроменета, напади со дронови на двете страни. Русија реагираше на најавената соработка меѓу Берлин и Киев за производство на ракети со долг дострел. Би можеле да одговорат доколку германски персонал учествува во нивно лансирање врз руско тло-се закани Медведев.
