Нетанјаху потврди го убиле лидерот на Хамас
Во меѓувреме силите на Тел Авив продолжуваат со офанзивата во Газа...

Хамас соопшти дека постигнале договор со американскиот специјален претставник Виткоф, за прелиминарен договор за прекин на огнот со Израел и дека чекаат конечен одговор. Во меѓувреме силите на Тел Авив продолжуваат со офанзивата во Газа. Тврдат дека го убиле лидерот на Хамас, Мохамед Синвар и дека успешно им ја одземаат контролата на терористите врз дистрибуцијата на храна во Појасот.
„Правиме драматичен пресврт кон целосно уништување на Хамас, им ја одземаме контролата врз дистрибуцијата на храна во Појасот Газа. Ова е нивната машина за пари, ова е она што ја гради нивната терористичка армија и ова е она што ја уништува нивната способност за контрола. Досега убивме десетици илјади терористи, меѓу нив, Јахја Синвар и Мохамед Синвар“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
Хуманитарната ситуација и натаму тешка. Палестинските власти обвинија дека во последните два дена се убиени 10 луѓе кои очајно барале храна на пунктовите.
