САД

Судот во САД ги блокираше тарифите на Трамп

29.05.2025 11:15

Американскиот Федерален суд го блокираше воведувањето на реципрочните давачки воведени на 2 април од претседателот Трамп, оценувајќи дека тој ги надминал своите уставни овластувања...

Американскиот Федерален суд го блокираше воведувањето на реципрочните давачки воведени на 2 април од претседателот Трамп, оценувајќи дека тој ги надминал своите уставни овластувања.

Судот за меѓународна трговија во Менхетен нагласи дека регулирањето на трговијата е исклучива надлежност на Конгресот. Одлуката не ги засега постоечките давачки од 25% на возила, железо и алуминиум.

Администрацијата на Трамп поднесе жалба.