Собрание

Трајко Славески е новиот гувернер на Народна банка

29.05.2025 09:06

Доцна синоќа со 68 гласа за и 16 против Собранието даде зелено светло на предлогот доставен од претседателката Сиљановска-Давкова...

Трајко Славески е новиот гувернер на Народна банка. Доцна синоќа со 68 гласа за и 16 против Собранието даде зелено светло на предлогот доставен од претседателката Сиљановска-Давкова.

Проф. Славески ги извршуваше функциите министер за развој (1999-2000) и министер за финансии (2006-2009) во Македонската влада. За време на извршувањето на функцијата министер за финансии во Влада на Република Македонија ја вршеше функцијата гувернер во Светска Банка и гувернер во Европска банка за обнова и развој.

Како член на Влада на Република Македонија има иницирано и водено бројни реформи во економскиот и финансискиот систем на земјата, како, на пример, воведување на рамниот данок (2007 г.), осовременување на системот за вршење на плаќања, интегрирана наплата на придонесите за социјално осигурување (системот бруто-плата, 2009 г.) и др.

На конститутивната седница на Совет на град Скопје, одржана на 17.11.2021 год, беше избран за претседател на Советот, функција што и денес ја извршува.