Во Собранието денеска пратенички прашања
Пратениците од опозицијата и од власта ќе бараат одговори од премиерот и министрите за актуелни теми. Претходно, собранискиот спикер Гаши ќе има брифинг со новинарите, за работата на парламентот...

Во Собранието, вообичаено последниот четврток во месецот, резервиран за пратенички прашања. Пратениците од опозицијата и од власта ќе бараат одговори од премиерот и министрите за актуелни теми. Претходно, собранискиот спикер Гаши ќе има брифинг со новинарите, за работата на парламентот.
Поради трагедијата во кочанската дискотека, и двонеделната пауза на пратениците, пленарката за пратенички прашања минатиот месец не се одржа.
Според новиот деловник, од ноември лани еднаш месечно се одржува и седница за пратенички прашања резервирани за опозициските пратеници, во траење од два часа.
