Кошарка
Оклахома со победата над Минесота влезе во финалето на НБА лигата
29.05.2025 10:59
Оклахома го оправда својот статус на фаворит и по првата четвртина водеше со 26:9, а веќе беше јасно во кој правец ќе оди мечот...

Во петтиот натпревар Оклахома го оправда својот статус на фаворит и по првата четвртина водеше со 26:9, а веќе беше јасно во кој правец ќе оди мечот. Оклахома ноќеска ја победи Минесота со 124:94 и во пет натпревари го заврши финалето на Западната конференција — 4-1.
Оклахома до победата ја предводеше МВП-то на лигата, Шаи Гилџс-Александер со 34 поени, 7 скокови и 8 асистенции, а имаше и одлична помош од Чет Холмгрен (22 поена и 7 скокови) и Џејлен Вилијамс (19 поени, 8 скокови и 5 асистенции).
Оклахома ќе игра или против Индијана Пејсерс или против Њујорк Никс во финалето на НБА.
Фото :/ Youtube
