Ирак

ИСИС продолжува да ги прогонува христијаните и Јазидите

14.08.2014 16:58

Живеат во црковен двор, на 50 степени целзиусови, а таму стигнале после часови пешачење без вода и храна. Вака изгледа животот на христијанското малцинство во Ирак кое што поради опасноста од терористичката ИСИС мораше да бега од своите домови.

„Дури и да ниречат од ИСИС дека може да се вратиме, нема да го сториме тоа. Ни ги украдоа и куќите и другиот имот. Како да се вратиме ? Тие ги убија и нашите соседи.  Под овие закани, ние немаме иднина таму“, вели еден бегалец.

Нови стотици припадници пак,  на ирачкото малцинство Јазиди, кои што бегајќи од терористите, останаа заробени на врвот на планината Синјар, пристигнаа во бегалскиот камп во самопрогалсениот ирачки курдски редион. Во кампот во моментов се наоѓаат околу 7000 Јазиди.

На врвот на планината Синјар се заробени уште неколку илјади бегалци, но тие, според американските власти, се во релативно добра состојба.

Во реакцијата на Обединетите Нации посебен акцент е ставен на сексуалното насилство со кое што се соочиле близу 15 000 припадници на малцинствата. Според нив, освен жените, жртви на сурови силувања се и машки и женски деца.