МВР

Претрес во Битола, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

29.05.2025 20:14

Вчера во 13.20 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода В.И.(24) од с. Белче, Демир Хисар, со престој во Битола...

Вчера во 13.20 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода В.И.(24) од с. Белче, Демир Хисар, со престој во Битола, информираат од МВР.

При извршен претрес во неговиот дом во Битола, по добиена судска наредба, биле пронајдени 13 опаковки со кокаин, 143 таблети екстази, марихуана, дробилки и предмети со траги од растителна и прашкаста материја.

Во домот затекнати биле и М.П.(24) од Битола и М.А.(34) од Битола, кои исто така се лишени од слобода. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.