ЗАЕДНИЦИ

Улогата на помалубројните заедници за општествената кохезија

29.05.2025 12:50

Правна рамка има, но помалубројните заедници тешко се снаоѓааат во општеството, иако се значаен фактор за кохезијата. Ромската, влашката и бошњачката заедница се најмалку застапени...

Правна рамка има, но помалубројните заедници тешко се снаоѓаат во општеството, иако се значаен фактор за кохезијата. Ромската, влашката и бошњачката заедница се најмалку застапени.

Одлична легислатива, одлична правна рамка по однос на заедниците и вечната мака – нивната слаба имплементација е предизвикот со кој се соочуваат институциите задолжени за остварување на правата на помалубројните заедници. Директорот на агенцијата за оваа намена, Далибор Китановиќ, посочува дека посветеноста на ова прашање се гледа во тоа што сега има и министерство кое помага за оваа цел.

Според сондажите најневизибилни се ромската, влашката и бошњачката заедница. И тоа не е веќе прашање на недостаток на кадри, вели националниот координатор за политики за немнозинските заедници, Јаше Сефер.

Интеркултурализмот мора да е приоритетен, вели националниот координатор за интеркултурализам, Абаз Селмани.

Партиципативниот форум се организира за детектирање на сите слабости во оваа сфера кои нотирани ќе им бидат предочени на властите за да преземат конкретни дејствија.

Фиљана Кока