Скопје

Одржливо управување со отпадот

29.05.2025 13:00

„Ако правилно се управува, отпадот може да биде ресурс со голем потенцијал, земјава да ги искористи можностите што ги нуди циркуларната економија“, заклучок од конференцијата што се одржа во Скопје...

Скопје има проблем со подигнувањето на сметот од контејнерите, градот е затрупан со ѓубре. Непријатна реа се шири на сите страни.

Обрасната трева и растенија, нечисти улици, полни контејнери и ѓубре на сите страни, вака изгледа Скопје. На секој агол, во секоја населба.

Граѓаните не се задоволни од нивото на чистотата во Скопје, се жалат дека сметот не се собира редовно.

Целта ни е со развојот на циркуларната економија значително ќе се намали количеството отпад што завршува на депониите, а вредните материјали да се вратат во производството, порача министерот за животна средина, Изет Меџити.

Се работи и на расчистување на дивите депонии, а целта е „Македонија без ѓубришта“. Одлуките што денес ги носиме ќе го обликуваат животот на генерациите што доаѓаат, рече Меџити.

 

Александра Спировска