Формула 1

Претекнување да, ама само на патека

17.12.2013 13:53

Интернационалната федерција за автомобилизам(ФИА) не престанува со измени на правилата во пресрет на новата сезона. По неколкуте инциденти во минатата ,особено меѓу Гросжан и Маса во Унгарија и меѓу Алонсо и Верњ во Абу Даби, ФИА  го дополни спортскиот правилник во членот 20.2 што се однесува на претекнувањата. Дополнетиот  член сега гласи: „Возачите мораат да ја користат патеката  во секој момент од трката. За да нема недоразбирања  белите линии ја дефинираат патеката и се сметаат за нејзин дел, додека рабниците не се дел од патеката“,

Според новите правила возачот може да биде казнет ако со цел болид ја напушти патеката, а ако тоа се случи е должен безбедно да се врати на патеката без притоа да стекне било каква предност.

Зголемеми се и овластувањата на директорот на трката кој може да нареди возачот да ја врати предноста со која се стекнал со напуштање на патеката.

Од Ф1 и информацијата дека денеска стартуваа тестовите со новите пневматици на Пирели за 2014-та на патеката  во Бахреин.

За Торо Росо ќе тестираат Верњ и Квјат, за Ферари на тестот ќе возат Де Ла Роса и Бјанки, за ред Бул ќе тестира Буеми, а за Мерцедес трите дена во болидот ќе биде Нико Розберг.