Евробаскет квалификации

Две кола, две победи, мисијата продолжува

14.08.2014 17:07

Сакавме и добивме 2 од 2, по првите две пресметки во Евробаскет квалификациите. Победивме и против Данска во втората рунда, иако скоро подеднакво тешко како против Белгија во првото коло, но се брои само конечниот резултат.
 
Сакавме и добивме 2 од 2, по првите две пресметки во Евробаскет квалификациите. Победивме и против Данска во втората рунда, иако скоро подеднакво тешко како против Белгија во првото коло, но се брои само конечниот резултат.
 
Гостувањето кај Данците треба и мора да не освести, пред следните два натпревара што ќе ги одиграме во Белорусија и во Белгија. Победивме и аутсајдер и фаворит и би требало да научиме дека во современиот спорт, победува само оној што ќе одигра подобро. Имињата, одамна не играат. Пресудни се желбата и физичката подготвеност за големите предизвици. Талентот, барем на нашите кошаркари, не им недостасува.
 
И до сега, но и од сега, секој меч е клучен за конечниот поредок во групата Д.
 
Белгија очекувано ја совлада Белорусија во второто коло, па сега сме осамени на врвот во нашето друштво со 4 бода. Белгијците и Белорусите имаат по 3, Данците имаат 2 бода по двата пораза. Оваа ситуација ни оди во прилот, но не смее да не залаже. Само еден лош ден, само еден меч во слично темпо како вчерашниот кај Данска и може веднаш да бидеме во аут, не потполно, но во голема мера да си го искомплицираме животот.
 
Селекторот Џикиќ и кошаркарите најавија дена нема да калкулираат и дека најважна им е победа на првата следна средба и така, чекор по чекор, ќе одат до виза за континенталниот собир. Со истата идеја мора да одиграат против Белорусите, на 17-ти од 17 часот по наше време.