Сединца за пратенички прашања

Мицкоски повика на заедничко лобирање за македонските интереси

29.05.2025 19:40

Додека нема Македонци во Бугарскиот комитет за малцинства, нема ниту милиметар поместување од нашите позиции-порача премиерот Мицкоски. На собраниската седница за пратенички прашања ја повика опозицијата заедно да лобираат за посебноста на македонскиот јазик и идентитет содржана во извештајот на Европскиот парламент.

„Без вклучување на македонски претставник во бугарскиот Комитет за малцинства, нема да има уставни измени во Македонија – премиерот Мицкоски испрати недвосмислена порака до официјална Софија.

На прашањето на пратеникот од редовите на СДСМ Оливер Спасовски за деталите од сценаријата на кои работи власта, премиерот Мицкоски одговори – се подготвува стратегија како да се надмине предизвикот кој го наметнала претходната влада со прифаќањето на Францускиот предлог, а при тоа да се заврши процесот, лакмус тест за Владата е како ќе помине извештајот на европскиот известувач за Македонија во Европскиот Парламент, кој вклучува признавање на засебен македонски идентитет и јазик.

Премиерот повика на национално обединување и политичко лобирање во Брисел.

За премиерот Мицкоски прифатлива е една изборна единица, но само ако гласа и дијаспората. Одговарајќи на прашања од опозицијата, тој порача дека за власта е прифатливо барањето за измена на Изборниот законик, под услов дијаспората да и надвор од ДКП на резидентната држава.

Опозициските пратеници прашаа и за финансиската надокнада за повредените и за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани. Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска информираше дека од обезбедените 30 милиони денари, исплатени се над 11 милиони за лекување и патни трошоци.

Марина Стојанова – Тонева