Скопје

Ескалираа тензиите меѓу градоначалниците на Скопје и на Чаир

29.05.2025 16:02

Ескалираа несогласувањата меѓу градоначалниците на Скопје и на Чаир, Арсовска и Ганиу. Таа бара одговори за криминалите со дивоградбите и го повика обвинителството да реагира. Ганиу, пак, и забележува дека не го собира сметот. Меџити се закани со кривична пријава против Арсовска.

Тензијата на релација Арсовска – Ганиу доби нова димензија, кога чаирскиот градоначалник, придружуван од 30-ина граѓани, испразни цел камион отпад пред градот. Арсовска обвини дека истурениот отпад е градежен смет од дивоградбите во Чаир, кои според неа ги има 150, а Ганиу се служел со фалсификати. Тој ги отфрли ваквите тврдења, истакнувајќи дека постојат општини со повеќе дивоградби од Чаир.

Јавните претпријатија се пред банкрот, ова е најлошото управување со градот – вицепремиерот Меџити најави пријава против Арсовска.

Основното јавно обвинителство потврди дека постапува по добиеното известување од Министерството за внатрешни работи, за сомненијата за дивоградби во Чаир.

 

Марија Котовска