Листерија: Се утврдува каде ќе биде извршена супер анализата

14.08.2014 17:15

Има или не листерија во сечканиот врат на „Екстра Меин“? Во јавноста се создаде недоумица откако агенцијата за храна и ветеринаство и институтот за јавно здравје излегоа со спротивни информации...

Сеуште се утврдува каде ќе биде извршена супер анализата на мострите земени од производите на „Екстра Меин“ кои се повлечени од промет- информираат од Министерството за здравство.

Примерокот за супер анализа се чува во Институтот за јавно здравје во Велес. Ќе се испитува во меѓународна референтна лабораторија чие име нема да биде објавено заради избегнување евентуални притисоци и добивање објективен резултат. Мострите ќе бидат испратени во најкраток рок.

Има или не листерија во сечканиот врат на „Екстра Меин“? Во јавноста се создаде недоумица откако агенцијата за храна и ветеринаство и институтот за јавно здравје излегоа со спротивни информации.

Агенцијата за храна тврди дека нема листерија во погоните на „Екстра Меин“ по анализите направени во кумановската фабрика.

Експертите пак од Институтот за јавно здравје остануваат на првичните наоди дека производ на оваа компанија е извор на бактеријата од која починаа четворица.

Во изминативе 12 недели на Институтот за микробиологија се изолирани 10 бактериски соеви на листерија од 9 пациенти кои беа хоспитализирани на инфективната и детската клиника. Сите се испратени на натамошна молекуларна типизација на ветеринарниот факултат. Од Факултетот информираат дека тие се идентични и му припаѓаат на еден ист клон на листеријата.

До сега од оваа бактерија заболеа деветмина, а четворица починаа.

 

Андријана Атанасовска