Муцунски се сретна со Рубио, потврдена силната стратешка поврзаност меѓу двете земји
Во Вашингтон работна средба на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и американскиот државен секретар Рубио. Потврдена стратешката поврзаност, политичките интереси, продлабочување на трговските односи …

Соработката меѓу САД и Македонија е извонредна и заснована на заеднички вредности, политички интереси и долгогодишно пријателство – оцениле на работната средба шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и државниот секретар Марко Рубио. Потврдена силната стратешка поврзаност меѓу двете земји и заедничката заложба за регионалната стабилност. Заклучивме дека од клучно значење е да продолжиме да работиме на одржување на мирот, стабилноста и просперитетот на глобално ниво“, истакна министерот Муцунски по средбата.
Од секретарот Рубио во име на американската администрација, добиено цврсто уверување дека нашето партнерство и сојузништво остануваат клучни, гледајќи ја нашата земја како значаен фактор за регионалната стабилност – пишува во соопштението лиферувано од македонското МНР. Со американскиот домаќин, но и со трговскиот претставник во администрацијата на претседателот Трамп разгледувани можностите за дополнително продлабочување на трговските односи, напредок во насока на намалување на тарифите и можноста за започнување на процес за потпишување договор за слободна трговија.
Муцунски ја истакнал отвореноста на македонската влада кон унапредување на економската соработка, привлекување американски инвестиции и зголемување на присуството на американски компании во земјата.
Миле А. Ристески
