Заврши истрагата за пожарот во „Пулс“
Истрагата за пожарот во Кочани е завршена, потврди државниот обвинител Коцевски. Од утре, во наредните 15 дена, одбраната на осомничените ќе може да изврши увид во предметот и да достави докази, кои Јавното обвинителство ќе ги цени, по што ќе се донесе јавно-обвинителска одлука...

Истрагата за пожарот во Кочани е завршена, потврди државниот обвинител Коцевски. Од утре, во наредните 15 дена, одбраната на осомничените ќе може да изврши увид во предметот и да достави докази, кои Јавното обвинителство ќе ги цени, по што ќе се донесе јавно-обвинителска одлука. А, специјалистите од скопските клиники ја завршија евалуацијата на состојбата на повредените во пожарот во кочанската дискотека.
Биле опфатени над 110 повредени, што се лекуваа во странство, а се пријавиле и пациенти што беа во домашните болници. Четириесет добиваат физикална терапија, а кај 70 се вршат редовни преврски на изгорениците.
