Украина

Зеленски: Меморандумот за примирје е уште една руска измама

30.05.2025 09:17

Руската страна не им го предаде таканаречениот меморандум на САД, Украина или Турција, и покрај ветувањата, изјави украинскиот претседател. Русите прават се што можат за да ги направат состаноците бесмислени, што е уште една причина за зајакнување на притисокот со санкции, истакна Зеленски...

Руската страна не им го предаде таканаречениот меморандум на САД, Украина или Турција, и покрај ветувањата, изјави украинскиот претседател. Русите прават се што можат за да ги направат состаноците бесмислени, што е уште една причина за зајакнување на притисокот со санкции, истакна Зеленски. Белата куќа изрази надеж дека Русија и Украина ќе се сретнат во Истанбул идната недела.

„Не беше споделено со Украина, ниту со нашите партнери. Тие дури не ја споделија новата агенда ниту со Турција – земјата домаќин на првиот состанок. Тие ветија сосема спротивното, и пред сè, им го ветија тоа на САД и на претседателот Трамп. Уште една руска измама“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Москва предложи нова рунда разговори во понеделник. Составот на руската делегација на новите разговори во Истанбул на 2-ри јуни, ќе биде ист како и на првата средба на 16-ти мај, потврди руското МНР.