Израел го прифати новиот предлог на САД за привремен прекин на огнот со Хамас
Новиот предлог предвидува ослободување на преживеаните и враќање на телата на загинатите заробеници во замена за продолжен прекин на огнот...

Израел го прифати новиот предлог на САД за привремен прекин на огнот со Хамас. Милитантна група сè уште не ги прифатила условите, објави Белата куќа.
Новиот предлог предвидува ослободување на преживеаните и враќање на телата на загинатите заробеници во замена за продолжен прекин на огнот.
„Можам да потврдам дека специјалниот пратеник Виткоф и претседателот доставија предлог за прекин на огнот до Хамас, кој Израел го поддржа и го потпиша. Исто така, можам да потврдам дека тие дискусии продолжуваат и се надеваме дека ќе се случи прекин на огнот во Газа за да можеме да ги вратиме сите заложници дома, а тоа е приоритет на оваа администрација од самиот почеток“, изјави Каролин Ливит, портпаролка на Белата куќа.
Хамас сè уште држи 58 заложници. Се верува дека околу една третина се живи.
