Царини
Федерален суд на САД привремено ги врати царините воведени од Трамп
30.05.2025 10:10
Федерален суд ја донесе одлуката повикувајќи се на закон што дозволува итни мерки во политиката за надворешна трговија...

Тарифите наметнати од Трамп, кои беа поништени од Трговскиот суд, ќе бидат привремено вратени во сила. Федерален суд ја донесе одлуката повикувајќи се на закон што дозволува итни мерки во политиката за надворешна трговија.
Трговскиот суд вчера пресуди дека претседателот нема законско овластување да воведува сеопфатни тарифи. Белата куќа веднаш поднесе жалба. Царините остануваат на сила додека трае жалбената постапка.
