СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТ
САД најави проверка на кандидатите за студентски визи од Кина
30.05.2025 10:52
Проверка на кандидатите за студентски визи од Кина и нивното одземање, најави Стејт департментот..На удар тековните визи за кинески државјани, заедно со идните баратели...

Стејт департментот најави проверка на кандидатите за студентски визи од Кина и нивното одземање. На удар тековните визи за кинески државјани, заедно со идните баратели. Ќе се проверуваат сите што би можеле да ѝ наштетат на националната безбедност. Од Пекинг со остра реакција, Вашингтон ги нарушува меѓучовечките односи меѓу двете земји.
Администрацијата на Трамп веќе се обиде да ја укине дозволата за сите меѓународни студенти на Харвард. Федерален суд го отфрли обидот откако универзитетот пушти тужба до Министерството за внатрешна безбедност.
