Утре над 15 илјади матуранти ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од државната матура
15 илјади матуранти утре ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од државната матура – задолжителниот по мајчин јазик и литература...

Над 15 илјади матуранти утре ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од државната матура – задолжителниот по мајчин јазик и литература. Според податоците на Државниот испитен центар, годинава за државната матура се пријавени над 8 илјади и 800 ученици од средните стручни училишта, околу 6 илјади од гимназиите и 222 од училиштата за уметничко образование.
Утре, 10 илјади матуранти ќе полагаат македонски јазик, над 4.300 албански јазик, околу 300 турски јазик и 10 ученици ќе полагаат за српски јазик. Вториот изборен екстерен испит од матурата ќе се полага на 11-ти јуни. Најголем дел од матурантите одбрале да полагаат англиски јазик.
Оваа година се ангажирани 2 илјади тестатори за контрола на процесот. Испитите се полагаат во училиштата, а во оние училишта каде нема услови за тоа, обезбеден е простор во амфитеатрите на факултетите. За оние кои нема да успеат да положат во јуни, има августовска сесија.
