МВР

Лишени од слобода двајца малолетници од тетовско, расчистен случајот со пукањето во Тетово

30.05.2025 12:29

Вчера во 10.30 часот на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, на влез во с. Гајре, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода двајца малолетници од с. Гајре...

Вчера во 10.30 часот на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, на влез во с. Гајре, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода двајца малолетници од с. Гајре, поради сомнение дека на 26.05.2025 околу 21.15 часот на улица „111“ во Тетово пукале со автоматска пушка во правец на куќа, сопственост на М.Т. од Тетово, информираат од МВР.

Малолетниците се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и во присуство на службеници од Центарот за социјални работи извршен е службен разговор.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во соопштението.

 

 

Фото: МВР