Бугарскиот парламент со декларација ќе отфрли секаков план „Б“ за Македонија за почеток на преговорите со ЕУ
Бугарскиот парламент подготвува декларација за отфрлање на планот „Б“ за откочување на преговарачкиот процес со Македонија, пишува белгискиот независен медиум „ИЈУ-алајв“...

Бугарскиот парламент подготвува декларација за отфрлање на планот „Б“ за откочување на преговарачкиот процес со Македонија, пишува белгискиот независен медиум „ИЈУ-алајв“. Порталот наведува дека декларацијата ќе го повика Скопје да усвои план за заштита на правата на малцинствата, и оти Бугарите нема да дозволат земјава да го избегне условот за уставни измени.
Белгискиот медиум не добил став од бугарското МНР за наводите за австриско посредништво, но, дознал дека во бугарскиот парламент се подготвува декларација за отфрлање на какви било креативни решенија. Медиумот потсетува и дека за време на посетата на првиот човек на Европскиот совет Кошта на Скопје, премиерот Мицкоски цврсто ја отфрли измената на Уставот без да се добијат гаранции.
