МТСП

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за третиот мерен период за учебната година 2024/2025 година

30.05.2025 13:54

Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за третиот мерен период за учебната 2024/2025 година...

Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за третиот мерен период за учебната 2024/2025 година.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:

за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година,

за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година,

за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година

и за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година.

Грижата за сите граѓани е наш приоритет-се вели во соопштението од Министерството.