Згрижувачки семејства

Се зголемува бројот на згрижувачки семејства, но расте и потребата од нив

30.05.2025 14:57

Во Македонија има околу 370 згрижувачки семејства, со повеќе од 600 корисници. Од годинава на година се зголемува нивниот број, но расте и потребата од вакви форми на згрижување…

Вредноста од семејниот живот е најважна за децата. За едно дете да прерасне во здрава личност и да биде сакано, потребна му е поддршката од семејството. Но, не секое дете има таква можност и привилегија. Затоа, тука се згрижувачите.

Згрижувачките семејства се тивки помагатели на целиот процес кој опфаќа вештини за успешно справување со потребите на децата и младинците кои минале низ семејни тешкотии и биле одделени од нивните родители. Нова шанса за топол дом и љубов.

Да градиме подобар и поефикасен систем за помош и поддршка на децата, рече министерот за социјална политика.

Минатата година имало 120 згрижувачи, оваа година 182 згрижувачи и 320 деца.

Александра Спировска