Одбележан Светскиот ден на мултипла склероза
Околу 1.500 луѓе во Македонија боледуваат од мултипла склероза, хронична и прогресивна болест на централниот нервен систем. За жал, секоја година се дијагностицираат меѓу 90 и 120 пациенти. На Светскиот ден се одржа марш за подигнување на јавната свест...

Христина Просковска една деценија маршира на Светскиот ден на мултипла склероза. Сака да ги сруши бариерите на јавното мислење, да порачаа дека имаат право на работа и достоен живот, но и да побара современа терапија.
1.500 луѓе во Македонија боледуваат од оваа хронична и прогресивна болест на централниот нервен систем.
Терапијата ја подигаат од Клиниката за неврологија и тоа им претставува дополнителен трошок и проблем.
Секоја година во земјава се регистрираат од 90 до 120 новозаболени со мултипла склероза.
Наташа Јанчиќ Менковски
