Народен правобранител

Расте бројот на деца кои користат и продаваат дрога и психотропни супстанции

30.05.2025 17:49

Народниот правобранител претстави анализа за состојбата на децата во Македонија кои користат дрога и други психотропни супстанци. Податоците се загрижувачки – расте бројот на зависници...

Најмладиот има само пет години. Расте бројот на деца кои користат и продаваат дрога и психотропни супстанции. Алармантни податоци во анализата на Народниот правобранител кој бара итна реакција од институциите. Во земјава нема регистар за овие лица ниту специјализирани здравствени установи кои ќе работат на нивен третман и рехабилитација. Околу 300 деца корисници на марихуана, екстази, кокаин, амфетамин се во регистрите годишно. Најголем дел од нив во Скопје и Тетово додека најзасегнати се децата питачи.

Според заменичката Бајрамовска во земјава нема стручен кадар кој ќе работи со зависниците. Потребна е поголема едукација на кадарот во меѓуопштинските социјални центри и во училиштата. Апел до Министерството за здравство-веднаш да се развие меѓуинституционален систем на превенција, рано откривање, третман и рехабилитација.

Анализата на омбудсманот во соработка со Европската унија го опфаќа периодот од 1-ви јануари 2023-та до јуни 2024-та година.

Викторија Милевска