Претставниците на седум независни граѓански листи бараат итно да се направат измени на Изборниот законик
Претставниците на седум независни граѓански листи бараат итно да се направат измени на Изборниот законик за да им се овозможи да учествуваат на локалните избори. По одлуката на Уставниот суд, во моментов постои правна празнина...

Најмногу до 50 собрани потписи за кандидатура на независните листи за советници за локалните избори е клучното барање на граѓански иницијативи, кои според нив, треба да се преточат во измени на Изборниот законик. Оттаму побараа да бидат вклучени во работната група за носење на законските измени. Независните апелираат да се пополни правната празнина што настана со укинување на членовите 17 и 18 од Изборниот законик, со кој се подигна прагот за собирање потписи за независни листи на 1 насто, што Уставниот суд го оцени како неуставен и ги укина одредбите во Законот.
Политичките партии од власта не сакаа да го коментираат предлогот на граѓанските иницијативи, зашто сè уште не го добиле на разгледување. Според нив, прагот од 50 потписи е премал.
Од граѓанските организации сметаат дека треба да им се овозможи уставното право, секој да може да се кандидира и да учествува во работата на локалната самоуправа.
Игор Панов
