Мицкоски во Будимпешта на средба со Орбан
„Македонија е мала, но, нашиот народ никогаш не сме се откажал од идентитетот. Ја цениме поддршката од нашите стратешки партнери“, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се обрати на СРАС конференцијата во Будимпешта. Тој имаше средба и со колегата Орбан.

Македонија останува цврсто посветена на својот европски пат, на остварувањето на европската перспектива и на зачувувањето на стабилноста во регионот. Ова го изјави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски за време на посетата на Будимпешта. Тој од CPAC конференцијата рече дека иако сме мала земја, сепак, нашиот народ никогаш не се откажал од идентитетот. Мицкоски, од најголемиот и највлијателен собир на конзервативци во светот, рече дека ја цениме поддршката од нашите стратешки партнери.
Премиерот оствари средба и со неговиот унгарски колега, Виктор Орбан. Тој истакна дека нивниот разговор бил фокусиран на одличната билатерална соработка помеѓу Македонија и Унгарија, како и на можностите за нејзино натамошно продлабочување.
Унгарија е наш искрен пријател, силен поддржувач на македонската европска интеграција и важен стратешки партнер, посочи претседателот на македонската Влада, кој изрази благодарност за постојаната поддршка од Унгарија со уверување дека стратешкото партнерство ќе се развива со уште поголема динамика.
Борис Грујоски
