Потребна е институционална вмреженост за работа со надарени деца
На Меѓународниот ден на детето, и за потребата од институционална поврзаност за работа со надарени деца. Неопходна е поголема поддршка од државата за тие да останат во земјава. Педагошкиот факултет во Битола со акредитирани програми за едукација на наставниот кадар за работа со талентирани деца...

На студентката Тамара Тасеска од рана детска возраст омилена игра и биле бројките, а со леснотија усвојувала и сложени математички знаења во однос на врсниците. Нејзиниот талент бил препознаен дури на факултет, па со помош на професор Христовски објавила два научни трудови.
А кај студентката Ангела доцна е откриен талентот за уметноста. По дипломирањето на Педагошкиот факултет планира преку педагогијата и уметноста да менторира надарени деца.
„Неопходно е институционалната рамнодушност да се замени со зголемена емпатија кон талентираните“, истакнува професор Кеверески.
Психологот Златевска потенцира дека многу е важно како ќе се работи со децата во првите девет години од воспитно-образовниот процес.
Засега, Педагошкиот факултет во Битола е единствениот во земјава и пошироко со акредитирани програми за втор и трет циклус за едукација на наставниот кадар за работа со надарени деца.
Поддршката на надарените деца е влог во унапредување на едно општество.
Ружица Ѓоршевска
