Кочани

Стручна помош за блиските на настраданите во дискотеката во Кочани

01.06.2025 15:31

Силна е тагата на блиските на жртвите во трагедијата во Кочани. Стручна психолошка и психијатриска помош може многу да помогне во овој период, велат лекарите и апелираат да не се земаат медикаменти за смирување на своја рака...

Шок, неверување, лутина, депресија, потиштеност и прифаќање. Ова се фазите на тагување после загуба на сакана личност. Низ овие фази трет месец минуваат илјадници блиски на жртвите на трагедијата во Кочани. Лекарите апелираат, на време да се побара стручна помош

Зголемен е бројот на пациенти со инфаркти, мозочни удари и висок притисок, одложен ефект од преживеаниот стрес и огромна тага. Кочанската болница има двајца психијатри и еден психолог, а помош има од клиниката за психијатрија и од семејниот центар „Хера“ од Скопје. Но добар дел од погодените од трагедијата не бараат стручна помош, туку со тагата се справуваат сами, што може да резултира со бројни заболувања

За сега во кочанската болница психолозите и психијатрите работат индивидуално со секој пациент, но се размислува и за формирање групи за поддршка.

Славица Величковска