И плус 8 не беше доволно

14.08.2014 18:03

Нашите кадети во првиот настап на европското првенство загубија од селекцијата на Русија со 31-30, но научија вредна лекција дека натпреварите се играат до крај во сите 60 минути. Избраниците на Александар Јовиќ одлично го почнаа натпреварот. По првата четвртина водеа со 12-6, потоа и со 15-7, до крајот на полувремето Русија врати со серија 6-1, но сепак на одмор македонските кадети заминаа со 17-14. Предноста ја задржаа до средината на вториот дел 24-21, за сепак во драматичен финиш да дозволат комплетен пресврт и минимална победа на руската селекција.

Утре во второто коло македонските ракометари ќе играат со селекцијата на Шпанија која денеска ја победи Данска со 27-25.