Царини
Трамп најави двојно зголемување на царините за увоз на челик и алуминиум
31.05.2025 10:58
Трамп верува дека двојното зголемување на царините за челик, дополнително ќе ја зајакне челичната индустрија во САД...

Американскиот претседател Трамп на митингот во Пенсилванија изјави дека планира да ги зголеми царините за увоз на челик и алуминиум од 25 на 50 проценти. Според него, двојното зголемување на царините за челик, дополнително ќе ја зајакне челичната индустрија во САД.
Америка е еден од најголемите увозници на челик во светот, со вкупно 26 милиони тони увезен челик во 2024-та година. Новите тарифи се очекува да го зголемат цените, погодувајќи ја индустријата и потрошувачите, сметаат економистите.
