Руско - украински конфликт

Нови руски напади во Украина

31.05.2025 11:44

Најмалку две лица загинаа, а десетици се ранети во нападот со дронови на југот од Украина...

Нови руски напади во Украина. Најмалку две лица загинаа, а десетици се ранети во нападот со дронови на југот од Украина. Во украинските напади на дронови врз руска територија, пак, ранети се најмалку 10 лица.

И додека не запираат борбите на фронтот, за наредната недела во Истанбул е планирана нова рунда преговори меѓу Русија и Украина. Москва најави дека ќе презентира меморандум за идниот мировен договор, кој ги вклучува сите аспекти на решението за причините за конфликтот.