Полагање државна матура
Петнаесет илјади матуранти полагаат мајчин јазик, првиот од двата екстерни испита од државната матура. Дел во своите училишта, дел пак во амфитеатрите на најблиските факултети каде има соодветни услови...

450 матуранти седнаа во испитните клупи на земјоделскиот факултет за да им се тестира знаењето по мајчин јазик. Почна полагањето на државната матура. Прашањата за некого тешки, за некого лесни – но визијата иста – упис на факултет како прв чекор за добивање диплома.
15.000 матуранти од целата држава полагаа прв дел од испитот. Надлежните предупредија дека ќе има санкции за оние кои ќе дозволат дошепнување и препишување. Матурантите, пак кои се обиделе да го изиграат системот, цела година ќе немаат право на поправен.
Од оваа година, дел од матурантите наместо во своите, доскорешни столчиња, седнаа во универзитетските – како дел од реформата во полагањето на државната матура.
Средношколците кои нема да ја положат матурата, ќе преполагаат во август. Резултатите ќе се знаат најдоцна еден месец по полагањето на вториот екстерен испит закажан за 11-ти јуни.
Анита Димитријевска – Велковска
