Шаховска олимпијада

Пораз и победа за крај на Олимпијадата

14.08.2014 18:05

Во последното 11 коло на шаховската олимпијада во Тромсо-Норвешка нашите шахисти загубија од Киргистан со 3-1, а нашата женска селекција ја совладаа репрезентацијата на шахистки со физичка попреченост со 3 и пол спрема половина.

Во последното 11 коло на шаховската олимпијада во Тромсо-Норвешка нашите шахисти загубија од Киргистан со 3-1, а нашата женска селекција ја совладаа репрезентацијата на шахистки со физичка попреченост со 3 и пол спрема половина.

Со 6 победи , последната над Данска, 1 реми и 3 порази, напите шахисти во завршното коло на олимпијадата влегоа од солидната 37 позиција на табелата во конкуренција на над 170 селекции, но со поразот од Киргистан  го расипаа конечниот пласман и паднаа на 59-тото место.Само младиот Филип ПАмчевски одново и однесе цел поен на македонската селекција додека Недев ,Чоловиќ и Митков ги загубија своите партии.

Трајко Недев-Тологонтегин          0-1

Александар Чоловиќ-Абдијапар    0-1

Филип Панчевски-Такирбашев       1-0

Никола Митков-Маматов                0-1

По убедливата победа над Ангола во 10-тото коло македонската женска шаховска селекција беше на 65-тото место и денеска и покрај убедливиот триумф над репрезентацијата на шахистки со физичка попреченост ИПЧА останаа речиси на истата позиција,односно на 66-тата.

Единствено на  првата табла ремизира Коскоска, додека Стојковска, Беатовиќ и Николовска освоија цел поен.

Габриела Коскоска-Јанита      реми

Моника Стојковска-Мелник   1-0

Бојана Беатовиќ-Курочкина     1-0

Драгана Николовска-Кајдановиќ  1-0