Оперативен план за вработување на младите
Со „Оперативниот план 2025“, Владата ќе поддржува преквалификација, започнување бизниси и вработување на невработените. Целта е со зголемен буџет од 40 милиони евра да се намали бројот на корисници на социјална помош и иселувањето од земјата...

Со 40 милиони евра вредниот „Оперативен план 2025“ ќе се финансира обука, преквалификации и самовработување на младите до 29 години. Програмите ќе опфаќаат вештини и дејности за кои има недостиг вработени.
Со овој оперативен план треба да се намали бројот на корисници на социјална помош.
Комисија од претставници на повеќе државни институции ќе определува кој се може да стане корисник на средствата од оперативниот план.
Оперативниот план треба да ја намали невработеноста и иселувањето од државата.
Ирина Гелевска
